Лионел Меси стана нов играч на ПСЖ. По 21 година играње за Барселона, Аргентинецот одлучи да си замине поради големите финансиски проблеми во клубот. Неговото доаѓање во Париз предизвика еуфорија, а го поздрави и Роналдињо.
Легендарниот Бразилец играше за ПСЖ од 2001 до 2003 година, по што се пресели во Барселона, каде играше до 2008 година. Роналдињо и Меси беа соиграчи од 2004 година, кога Меси дебитираше за сениорскиот тим. Одлично се сложуваа на теренот.
„Големо богатство е да си играч во овие два клуба и да го видам мојот пријател во дресот на ПСЖ. Ти посакувам среќа, Лео. Исто така сум многу среќен што го имаш и Серхио Рамос со вас. Го чувствувам мирисот на освојување на Лигата на шампионите“, напиша Бразилецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













