
Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери, ги сподели своите очекувања за денешниот натпревар од Суперкупот на Европа против Челзи во Белфаст.
„Сакам да го освојам Суперкупот, бидејќи не сум го освоил претходно. Победата ќе биде одличен начин да се повлече границата од минатата сезона. Можеме уште еднаш да се запишеме во историјата и да постигнеме нешто неверојатно на почетокот на новата сезона. Суперкупот ќе покаже за што сме способни во натпревар со таква големина како Челзи – актуелниот европски клупски шампион и, според мое мислење, најдобриот тим на планетата“, изјави Емери.
Тој како тренер на Севилја учествуваше двапати во Суперкупот (2014 и 2015 година) и двапати загуби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
