Connect with us

Академија Пандев го претстави Маронг

Македонскиот прволигаш Академија Пандев го претстави најновото засилување. Офанзивецот Осман Маронг од Црвена Звезда доаѓа во редовите на струмичани и потпиша двегодишен договор.

Се работи за 22-годишен играч кој подеднакво добро се снаоѓа на позициите офанзивен играч за врска и крилен напаѓач. Тој треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија на составот на Александар Васоски.

Академија Пандев во второто коло на домашен терен го пречекува Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови