
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси се уште ги нема договорено сите детали околу договорот со Пари Сен Жермен, но дали постои можност тој и да остане во Барселона?! Иако сите уште вчера го очекуваа да пристигне во Париз, сепак, тоа не се случи, а како што откриваат француските медиуми, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, и спортскиот директор Леонардо денеска ќе допатуваат на Ибица на конечен договор со Меси.
Во глобала, договорот е јасен, двегодишна соработка со опција и за трета сезона, а Меси ќе заработува околу 35 милиони евра годишно. Покрај тоа, ќе добие и 25 милиони евра бонус за потпис на договорот, со оглед дека е слободен агент.
Сепак, најновиот развој на настаните е дека и Барселона се уште се обидува да го лиценцира Лионел Меси за новата сезона. Како што известува „Кадена Сер“, Хоан Лапорта и раководните луѓе на Барселона синоќа до два наутро имале разговори со Хорхе Меси, таткото на фудбалерот кој воедно е и негов агент, околу евентуалната можност тој да остане на „Камп Ноу“. Се уште не е познато каква е опцијата за Лионел Меси да остане во Барселона, со оглед дека Ла Лига одби да го верификува договорот.
Sources: Barcelona make last-gasp offer to Messi for a renewal – https://t.co/yVEVkn04IA
— Barça Universal (@BarcaUniversal) August 10, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
