
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, се прости од Барселона, но се уште ја чека добитничката формула за да се врати во Јувентус.
Пјаниќ не одигра ниту една минута на последните два пријателски натпревари на Барселона, што е уште една јасна порака дека Куман го отпиша. Холанѓанецот не сакаше да го пушти на терен, за да избегне потенцијална повреда, бидејќи Пјаниќ има високи примања од кои Барса мора да се ослободи.
Пјаниќ дури и се согласи на намалување на платата од 20% за да може Јувентус да го врати.
Сепак, Јувентус прво сака да го комплетира трансферот на Мануел Локатели, а за Пјаниќ мора да ослободи простор со продажба на Арон Рамзи или Адриен Рабио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
