
Англискиот репрезентативец Џек Грилиш го направи најголемиот трансфер во историјата на Премиер – лигата и за 100 милиони фунти од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити. Тој целата досегашна кариера ја мина во тимот од Бирмингем и вели дека не било лесно да се напушти Астон Вила. Но, истовремено и не можел да ја одбие понудата на Манчестер Сити за напредок и борба за трофеи.
„Тоа беше нешто што чувствував дека не можам да го одбијам. Да играм фудбал во Лигата на шампионите и да играм покрај луѓе како Кевин Де Бруин, а да не предводи најдобриот менаџер во светот. Тој може да ја подобри мојата игра до друго ниво, секој ден ги слушам неговите совети и не можам да верувам колку е се различно“, изјави Џек Грилиш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
