
Работнички со победа ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. На арената „Тодор Проески“ гостуваше Борец, а „романтичарите“ славеа со голот на Александар Ристевски во 30.минута.
Шефот на стручниот штаб Александар Влахо е задоволен од освоените три бода, вели дека тоа е одличен старт на новиот шампионат. Триумфот е остварен со максимално залагање на фудбалерите.
„Кога ќе се оствари победа на првиот првенствен натпревар и ќе се освојат три бода, тоа секако е одличен старт на сезоната. Сакам да им честитам на фудбалерите за големата пожртвуваност и исцрпувачките напори на жешкото време. Во првото полувреме прикажаа допадлива игра, а во вториот дел умееја да ја сочуваат минималната предност. Задоволен сум од тимот во целина, иако треба уште многу да се работи затоа што направивме неколку промени ова лето. Александар Ристевски и Александар Позњак одлично се вклопија во одбраната, покажавме цврстина, но и желба за надигрување преку Тодоровски, Тантуровски, Ристовски. И сите останати го следеа нивниот ритам. Честитки и за Борец, одлично парираа, тоа е цврст тим кој тешко се пробива и има квалитетни фудбалери. Сега ќе се фокусираме на следното коло и натпреварот во Струмица против Академија Пандев“, изјави Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
Овој натпревар ќе се игра под рефлектори во 20 часот, претстојниот викенд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
