
Македонскиот претставник Силекс се наоѓа меѓу неносителите во пресрет на утрешниот ждреб во Нион за квалификациите во Лигата на шампионите. Силекс е во делот заедно со Динамо Брест, Рига и Тирана и како можни ривали ги очекува Астана (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Макаби Тел Авив (Израел) и Динамо Тбилиси (Грузија). Избегнати се противниците со звучни имиња како Црвена звезда, Лудогорец, Селтик, но и двата клуба кои ги посакуваше Горан Симов, Дандалк и Судува.
Во квалификацииите од оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а со ждреб ќе биде одлучено и кој ќе биде домаќин. Можно е дуелот да се игра дури и на неутрален терен. Мечевите треба да се играат се на 18/19 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
