
Италијанскиот првак Интер го распродава тандемот „Лу-Ла“ кој му ја донесе шампионската титула во Серија А. По трансферот на Ромелу Лукаку во Челси кој треба да се реализира на почетокот на следната седмица, од Островот доаѓа информација дека и Тотенхем ги договорил условите за ангажман на Лаутаро Мартинез.
Англискиот премиерлигаш ќе плати 60 милиони фунти за трансферот на Аргентинецот, а претходно најверојатно Хари Кејн за фантастични 120 милиони фунти ќе се пресели во шампионот Манчестер Сити.
Заминувањето и на Лаутаро Мартинез дефинитивно ќе биде нов шок за фановите на Интер кои очекуваа дека тимот ќе биде конкурентен за одбрана на „скудетото“. Но, очигледно дека раководството на Интер ги одбра финансиите, со продажба на најдобрите фудбалери да го стабилизира клубот по пандемијата на коронавирусот. Претходно, Интер го продаде и Ашраф Хакими на ПСЖ за 71 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski