Connect with us

Меси: Заминувам со скршено срце, ПСЖ е една од опциите

Лионел Меси со солзи во очите се збогуваше со соиграчите, раководството на клубот, фановите на Барселона, Истакна дека ова е најтешкиот ден во неговиот живот и се надева дека некогаш повторно ќе се врати на „Камп Ноу“.


„Размислував неколку дена што можам да кажам, но вистината е дека не знам што. Ова е за мене многу тешко после толку години на „Камп Ноу. Практично цел живот го поминав тука и не сум подготвен за ова. Искрено, минатата година се што се случи и сега не е исто. Оваа година, јас и моето семејство бевме убедени дека ќе останеме дома, тоа го сакаме повеќе од било што друго“, изјави Меси. „Беше неверојатно, сe. Од градот, луѓето, до самиот клуб. Денес, морам да се збогувам со сите вас. Јас сум тука од 13 години и по 21 година заминувам со мојот сопруга и три деца каталонско-аргентински. Ова е нашиот дом и сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи и поранешни и сегашни, со сите тренери и луѓе во клубот со кои соработував. Доживеав голема љубов тука, имаше многу убави работи, но и лоши. Клубот ми помогна да пораснам и да станам човекот и фудбалерот што сум денес. Од првиот до последниот ден го дадов најдоброто од себе. Никогаш не сум го помислил ова, дека ќе дојде ваков момент, јас не бев подготвен за тоа. Искрено, заборавив многу работи што сакав да ги кажам, но ова е се што можам да кажам сега. Зборовите едноставно не излегуваат од мене”, рече Меси во воведниот говор, проследен со голем аплауз, а со солзи во очите.


Потоа започнаа новинарските прашања.

Омилен момент во клубот?
„Тешко е да се избере само еден убав момент. Доживеав многу тука. Од добрите и лошите работи … Можеби тоа беше времето кога дебитирав, тоа беше остварување на сонот за мене и јас ќе го паметам засекогаш“.

Причините за заминување?
„Како што рече Лапорта, се се промени во последен момент. Нема многу што да се каже, освен она што се случи со Ла Лига. Направивме се што е можно, но немаше што да направиме поради Ла Лига. Многу се зборуваше за тоа дека не сакам да останам. Минатата година не сакав да останам и го реков тоа, но оваа година сакав да бидам тука! Сега треба радикално да го сменам животот. Ништо нема да биде исто за мене, ниту за моето семејство. Мислеа дека ќе останат во овој град, но знам дека ќе бидеме добро и тоа ќе биде тешка промена. Мораме да го сториме тоа, да прифатиме“.

За Пари Сен Жермен?
„Искрено, тоа е една од можностите во моментов. Не можам никому ништо да потврдам. Имам многу покани, многу клубови се заинтересирани, но во моментов, не сум договорил ништо, но ние зборуваме за многу работи“.

Што оставате зад себе во Барселона? Има дури 35 титули, многу голови …
„Секогаш се обидував да имам огромен респект кон дресот на Барселона и мислам дека тоа сите го препознаваа. Нека ме паметат онака како што сакаат и како веруваат дека е најдобро. Имам многу спомени, како со моето семејство, пријателите и секако со клубот“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови