Францускиот гигант Пари Сен Жермен одеднаш стана мека за најдобрите светски фудбалери. Серхио Рамос, Џорџинио Вајналдум и Џанлуиџи Донарума дојдоа како слободни агенти, а сега се отвори можност за мегатрансфер и на Лионел Меси. Преговорите од синоќа интензивно се одвиваат откако стана јасно дека Барселона не може да го лиценцира Аргентинецот поради преоптоварениот клупски буџет за плати.
Сепак, ПСЖ има и друг припоритет, сака француската ѕвезда Килијан Мбапе да потпише нов договор со клубот. Тој влегува во последната година од соработката со „светците“ и наредното лето би можел да замине како слободен агент. Мбапе има желба да се пресели во Реал Мадрид, а тоа пред почетокот на следната сезона би можел да го стори без никаков проблем. Но, ПСЖ е уверен дека може да го убеди Мбапе да потпише нов договор со клубот, особено ако знае дека би играл во ист тим и со Меси и со Нејмар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













