
Љупче Дориев е оптимист дека Шкендија ќе успее да го мине Сумгај во првата квалификациска рунда за Лигата на Европа, но предупредува дека клубот од Азербејџан дефинитивно не е наивен противник.
„Во европските натпреварувања нема лесни ривали, Сумгај сигурно не е наивна екипа. Не се сомневам дека поседуваат добар квалитет, годинава се игра само еден меч во Европа и ние ќе бидеме гости, но верувам дека можеме да одиграме добар натпревар и да се пласираме во следната рунда“, вели Дориев.
Tој се осврна и на дебито со гол и асистенција против Шкупи, не криејќи дека жали што Шкендија во второто полувреме не направи целосен резултатски пресврт.
„Без размислување би ги менувал голот и асистенцијата за трите бода против Шкупи. Ако се земе во предвид првото полувреме ремито не е лош резултат, но реално гледано бевме блиску до целосен пресврт и мислам дека заслуживме победа. Секако дека личниот ефект мотивира, ова ми беше прв меч во дресот на Шкендија и очекувам во иднина да играме уште подобро“, истакна Дориев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski