Фудбалерите на ПСЖ и Лил синоќа го одиграа финалето на Суперкупот на Франција во Тел Авив, што е прв официјален настап на засилувањето од Интер, Ашраф Хакими, кој во Израел не беше дочекан пријателски.
Хакими беше продорен и активен во фазата на напад, но кога и да ја примеше топката, навивачите свиркаа од трибините поради поддршката што ја даде на Палестина во конфликтот со Израел во текот на мај.
Мароканецот на социјалните мрежи напиша „Слободна Палестина“, на што Израелците не му простија.
Лил славеше со 1-0 и дојде до првиот трофеј во новата сезона откако минатата стана шампион на Франција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski