По несреќниот пораз во финишот од дуелот со Македонија ЃП во првото коло, пред Работнички е вториот предизвик во домашниот шампионат. Денеска (17 часот) тимот на Ратко Достаниќ на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Беласица.
Напаѓачот Петар Петковски верува во многу подобро издание на Работнички и освојување на првите бодови во новата сезона.
„Имавме несреќен финиш на мечот против Македонија ЃП. Работевме на отстранување на грешките во изминатите неколку дена, мораме да ја задржиме концентрацијата на потребното ниво во текот на целиот натпревар. Научивме дека секоја грешка се плаќа. Сега сме фокусирани на вториот предизвик, на гости ни доаѓа Беласица и нема да не залаже нивниот убедлив пораз во првото коло. Максимално сме внимателни, но и мотивирани да одиграме квалитетен натпревар и да ги освоиме првите бодови во новата сезона“, вели Петар Петковски.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Ецковски од Охрид, а мечот ќе се игра без присуство на публика на арената „Тодор Проески“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski