Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт, сака да го напушти тимот, пишуваат медиумите на Островот. Тој пристигна на „Итихад“ за 65 милиони фунти во јануари 2018 година и на почетокот играше одлично. Но, во последната сезона, сепак, по доаѓањето на Рубен Дијаз и одличната форма на Џон Стоунс, тој седна на клупата за резерви кај Пеп Гвардиола и сега е трет избор на стоперските позиции.
Токму поради ова, Лапорт разочаран и сака да пронајде нов предизвик во кариерата, тим во кој ќе има можност да биде стартер. Покрај тоа, дефанзивецот беше охрабрен од информацијата дека Барселона покажува сериозен интерес за него. Лапорт беше дел од тимот на Шпанија на Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













