Connect with us

Кит Го ремизираше без голови против Трајал

Македонскиот второлигаш Кит Го ремизираше без голови и на третиот пријателски натпревар на летните подготовки пред новата сезона во Втората лига – Исток. Избраниците на Емил Грнев денеска во Пехчево одиграа натпревар без голови и против српскиот Трајал од Крушевац кој се наоѓа на подготовки во Пехчево.


На дуелот кој мина во израмнета игра и двата тима имаа свои можности на натпреварот, но на крај мрежите мируваа. Во првото полуврема убави шанси за Кит Го имаа Ступиќ и Трпчевски кои останаа нереализирани.

Кит Го натпреварот го почна со следниот состав: Давков, Јанкулов, Мирчевски, Милевски, Христов, Цуцковски, Алексов, Рушту, Андонов, К. Трпчевски, Ступиќ. Во второто полувреме играа и Богдановски, Кр. Трпчевски, Ангелов, Николов, Бајрамов, Коцев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови