Италијанскиот калчолигаш Јувентус е блиску до ангажман на репрезентативецот Мануел Локатели. Сасуоло го омекна ставот откако во најновата рунда преговори раководството на „старата дама“ понуди 35 милиони евра отштета и дополнителни бонуси за успесите што Локатели би ги имал со новиот тим. Така Сасуоло ќе ги добие оние 40 милиони евра кои ги бараше за да се реализира овој трансфер.
Арсенал нудеше и повеќе пари, но фудбалерот категорично одби да се пресели во Премиер – лигата и сака да остане во Италија. Трансферот во Јувентус сега е реалност и остануваат само детали до негово комплетирање.
Покрај Локатели, средниот ред на „старата дама“ ќе биде засилен и со Миралем Пјаниќ кој ќе се врати во Торино, но како позајмен играч од Барселона. Јувентус е во завршна фаза и со ангажманот на младиот Бразилец Кајо Жорге од Сантош и се чини дека Масимилијано Алегри ќе има на располагање силен тим. Многу веројатно е дека и Кристијано Роналдо ќе остане уште една сезона во дресот на Јуве.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













