Италијанскиот калчолигаш Лацио сака да ја засили навалната линија во пресрет на новата сезона во Серија А и раководството веќе повлече два конкретни чекори на тој план. Нови засилувања за „лацијалите“ треба да биде Џердан Шаќири од Ливерпул и Јосип Брекало од Волфсбург.
Шаќири имаше мала минутажа во дресот на Ливерпул минатата сезона и одлучи да го напушти „Енфилд Роуд“, а негова следна дестинација треба да биде „Олимпико“. Швајцарскиот репрезентативец се договори со Лацио и многу брзо се очекува негова официјална промоција во Рим.
Јосип Брекало исто така е многу блиску до потпис со Лацио. Фудбалерот го извести Волфсбург дека сака нов предизвик, а Лацио е подготвен да плати 15 милиони евра и да го доведе во својот тим. Можно е Брекало да пристигне и на едногодишна позајмица со клаузула за обврзувачки откуп на договорот следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













