
Вардарци славеа против Академија Пандев во Струмица и сега посакуваат низата да продолжи и против Силекс. Кратовци по „заслуга“ на Вардар играа во квалификациите за Лигата на шампионите и загубија со 4-0 од Карабах, па сега се враќаат на домашните обврски. Вардар не е како минатогодишниот, но секако ќе може да му парира на тимот на Горан Симов, посебно на домашен терен.
Пелистер е повторно во елитата, а тимот на Зоран Штерјовски по два меча не знае за пораз. Сака да ја продолжи позитивната низа и против Работнички кој гостува под „Тумбе кафе“ по триумфот над Беласица.
Струга Трим Лум по две гостувања конечно ќе настапи дома, а составот на Срѓан Захариевски посакува триумф над Борец. Велешани имаат четири бода по две кола и би сакале да останат непоразени и по денешното гостување.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО (17 ч.)
ВАРДАР- СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0
БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
