
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити фингирал документи за да го измами финанскиот фер-плеј на УЕФА. Оваа приказна беше делумна затворена по одлуката на Арбитражниот суд во Лозана, но сега „испливаа“ нови мејлови.
Новите докази и е-пошта укажуваат на тоа дека Сити мамел кога станува збор за испумпување приходи со цел да се избегне финансискиот фер-плеј. УЕФА сакаше сериозно да го санкционира клубот, но, сепак, „граѓаните“ преку Лозана се изборија и следната сезона да играат во елитата, најверојатно засилени и со Хари Кејн и со Џек Грилиш.
Сето ова што се случува само покажува дека финансискиот фер-плеј клубовите може да го заобиколат на различни начини.
Еден месец пред Сер Алекс Фергусон да ја освои титулата со Јунајтед и да се пензионира, „соседите“ добија нов договор за спонзорирање на дресовите. Испратениот мејл од еден од директорите за маркетинг докажува дека дел од парите ги плажа државата Обединети Арапски Емирати.
„Имаше конфузија кога станува збор за спонзорството. Дали сте информирани дека „Итихад“ треба да плати 5 милиони евра месечно, а другите 10 милиони евра ги плаќаат одделно властите од Обединетите Арапски Емирати, односно нивниот комитет за извршни работи. Проверете со споменатиот комитет”, се вели во мејлот кој излезе на виделина.
Значи, „Етихад“ плати 5 милиони евра месечно за место на дресот во 2010 година, но во книгите беше запишано 14 милиони евра, а остатокот беше испорачан од црниот пазар на фондовите на Обединети Арапски Емирати. Постои и документ во кој се вели дека спонзорството е 5 милиони, дека претходната година е 4 милиони, а една година подоцна, во 2011/12, сумата е зголемена на околу 6 милиони евра. Споменатата агенција која ги плаќа финансиите е регистрирана како агенција што го советува шеикот Мохамед Бин Зајед. Ова само ги зголемува сомнежите.
Така, во 2014 година беше потпишан договор за голема спонроска соработка меѓу авиокомпанијата „Етихад“ – над 400 милиони евра за десет години, а исплатата им одеше преку сметките, но пари всушност ги плаќаше државата. Ова е строго забрането со правилата на финансискиот фер-плеј на УЕФА , поради што Сити беше казнет, но тие сепак ја добија арбитражата во Лозана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
