Капитенот на фудбалската репрезентација на Италија, Џорџо Киелини, отпочна преговори за нов едногодишен договор со Јувентус. Тој е слободен агент, но би останал во редовите на „старата дама“ уште една сезона пред да ја заврши кариерата. на ова инсистира и новиот тренер Масимилијано Алегри.
Сепак, преговорите засега не се одвиваат според планот. Џорџо Киелини бара 5 милиони евра плата за последната година од активната кариера, а тоа е зголемување од 1,5 милион евра во однос на досегашните негови примања во клубот. Ова секако не им се допаѓа на раководните луѓе на Јуве, посебно во ситуација кога владее финансиска криза поради пандемијата со коронавирусот.
Втората опција на Киелини е да замине во Реал Мадрид. Карло Анчелоти му понудил да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ и да одигра една сезона за „збогум“ во шпанскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













