
Масимилијано Алегри има цврста рака и младите фудбалери на Јувентус тоа го почувствуваа веднаш. Поради дисциплински причини и одлука на тренерот, Јувентус вчера изостави тројца играчи од натпреварот против Чезена. Алегри отпиша тројца играчи на Јувентус затоа што дошле на тренинг доцна.
Џанлука Фработа, Николо Фаџоли и Алесандро Ди Пардо го пропуштија дуелот со Чезена затоа што беа казнети поради доцнење на тренинг. По одлуката на Алегри, тие не можеа да бидат ниту на клупата.
Фработа е 22-годишен лев бек, кој летово се очекува да и се приклучи на Аталанта, Ди Пардо исто така има 22 години и тој е играч за врска, а за првиот тим на Јувентус собра пет настапи.
Што се однесува до Фаџоли, креативниот играч за врска има само 20 години, но има само два меча за сениорите на „старата дама“.
Алегри е познат како тренер кој не простува и кој сака играчите да почитуваат сè што се бара од нив, и секој пропуст може да се плати скапо. Младите играчи на Јувентус сега го почувствуваа тоа на своја кожа. На тест натпреварот, Јувентус ја победи Чезена со 3-1, со головите на Де Винтер, Мекени и на Соу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
