
Група навивачи на Баерн Минхен го навредуваа тренерот Џулијан Нагелсман за време на пријателскиот натпревар против Ајакс (2: 2). Тоа беше негов прв натпревар како тренер на Баерн на „Алијанц Арена“.
34-годишниот тренер играше за младинскиот тим на Минхен 1860, а кусо остана и во вториот тим на овој клуб. Подоцна работеше како тренер во младинската школа, а проблем за навивачите на Баерн е што Минхен 1860 е нивниот голем градски ривал.
Мала група од 50 навивачи на Баерн го навредуваа Нагелсман велејќи му дека е свиња, а „Билд“ пренесува дека нивните навреди ги слушнале и другите навивачи, кои броеле околу 8.500 на „Алијанц арена“.
„Идиоти го навредуваа Нагелсман“, е насловот на „Билд“, за оваа случка на пријателскиот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
