
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, потпиша нов договор со клубот до 2024 година, со опција за уште една дополнителна година.
Норвешкиот стратег првично пристигна како привремен шеф на „Олд Трафорд“ во декември 2018 година, на местото на Жозе Мурињо, но успеа брзо да го стабилизира тимот и доби перманентен договор. Сега соработката е продолжена, а амбициите на Манчестер Јунајтед се да се впушти во трка за шампионската титула со Манчестер Сити, Челси и останатите кандидати за трофејот во Премиер – лигата.
„Чест е да се биде на клупата на Манчестер Јунајтед, сакам да изразам благодарност за укажаната доверба и да порачам дека ќе продолжиме напорно да работиме со цел да ги реализираме целите на клубот. Сите знаат што значи за мене Манчестер Јунајтед и сега се наоѓаме во еден возбудлив период на изградба на нов тим кој може да има големи дострели“, изјави Оле Гунар Солскјер.
Our past. Our present. 𝗢𝘂𝗿 𝗳𝘂𝘁𝘂𝗿𝗲.
— Manchester United (@ManUtd) July 24, 2021
✍🇳🇴 We are delighted to announce that Ole has signed a new deal with the club! #MUFC

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
