Македонскиот репрезентативец Енис Барди е интересен за клубовите од Серија А. Откако Милан појави интерес за одличниот играч за врска на Леванте, во трката влегува и Торино, тврди „Toro News“, еден од италијанските медиуми кои го следат италијанскиот калчолигаш.
Сепак, Леванте нема да се сложи на продажба на еден од најдобрите фудбалери доколку не добие отштета од 15 милиони евра. Тоа, барем засега, не им е во план ниту на Милан, ниту на Торино.
Барди пред неколку дена се приклучи на подготовките на Леванте, а клубот размислува за негова продажба за да го подмири финансискиот фер-плеј. Актуелниот договор на македонскиот репрезентативец со Леванте има важност до јуни 2022 година, што значи дека Барди или ќе потпише за нова соработка со шпанскиот клуб или ќе биде продаден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













