Англискиот првак Манчестер Сити е многу блиску до реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на Премиер – лигата, ангажманот на капитенот на фудбалската репрезентација на Англија и член на Тотенхем, Хари Кејн. Според медиумите од Островот, трансферот треба да се случи многу брзо, а Манчестер Сити ќе плати 187 милиони евра.
Хари Кејн успеал да го убеди претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, дека најдобро за сите ќе биде доколку тој замине на „Итихад“. Кејн подолг период сака да настапува за клуб каде ќе има можност да се бори за трофеи, а во Манчестер Сити ќе заработува фантастични 470.000 евра неделно.
Пеп Гвардиола го посакува Хари Кејн во нападот како засилување со кое ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула во Премиер – лигата, но и да го нападне трофејот во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













