Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње се уште е на заслужен одмор по настапот со Италија на Европското првенство и освоениот трофеј. Во Наполи го очекуваат да се врати и да имаат завршни разговори околу можноста за нов договор.
Наполи одреди цена од 30 милиони евра доколку Инсиње инсистира да си замине и не сака да остане во Неапол. Но, претседателот Аурелио де Лаурентис, според италијанските медиуми, е подготвен да исполни најголем дел од барањата на Инсиње за нова четиригодишна соработка.
Инсиње заработува 4,6 милиони евра по сезона, а за да потпише нов договор бара 6 милиони евра годишна плата. Тоа Наполи е подготвен да го испочитува, иако ќе има преговори за деталите и можеби еден милион евра ќе биде „врзан“ со бонуси за успеси со клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













