Пандемијата на коронавирусот направи тотален хаос во светот на фудбалот, а последната година натпреварите се играа претежно пред празни трибини. Поради тоа, многу клубови претрпеа финансиски удар и сега се обидуваат да го решат проблемот, а се чини дека единствено решение е значително да се намалат договорите на играчите, односно висината на годишните плати.
Еден од ретките клубови што нема толку големи финансиски проблеми е Баерн Минхен, но затоа што не им дава толку огромни договори на своите играчи.
Баерн има политика дека ниту еден играч не може да има годишна плата поголема од 20 милиони евра и дека само главната sвезда во тимот ќе ја има таа сума.
Играчите се поделени во групи и клубот не се согласува со уцените околу платите што го покажа и со Давид Алаба, кој беше ослободен да оди во Реал Мадрид, откако побара значително зголемување на платата.
Сега Леон Горецка има сличен став, но Баерн е експлицитен дека нема да има зголемување на платите.
Првата група ја сочинуваат играчи кои заработуваат помеѓу 15 и 20 милиони евра. Предводник е Роберт Левандовски, кој е единствен во клубот со годишна плата од 20 милиони евра, а го следат Мануел Нојер, Томас Мулер и Лирој Сане.
Следува друга група во која играчите заработуваат помеѓу 10 и 15 милиони евра годишно. Кимих, Коман и Серж Гнабри во моментов се во таа група.
Третата група се играчи со годишна плата од пет до десет милиони евра, а во неа спаѓаат Никлас Суле и Леон Горецка. И, конечно, постои четврта група во која има играчи кои заработуваат и до пет милиони евра годишно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal