
Антоан Гризман нема намера да ја напушти Барселона. Атлетико Мадрид беше расположен за негово враќање, но зделката за размена не успеа, ниту Барса е заинтересирана за Саул, ниту тој би се сложил на намалување на платата.
Сега каталонците се свртеа кон Сити, обидувајќи се да тргуваат и да го заменат Гризман со Бернардо Силва и пари, или евентуално Лапорт, но на „малиот принц“ не му паѓа на памет да оди во Манчестер Сити.
Гризман не сака да оди во Англија, но исто така и во Јувентус, кој се споменуваше како можна дестинација. Исто така ова е нереално затоа што Италијанците немаат пари за неговата плата.
Гризман ја чини Барселона 36 милиони евра бруто, сега е платен повеќе од Меси кој го намали договорот, пристигнаа Мемфис Депај и Кун Агуеро, а тука е и Ансу Фати, па Французинот ќе мора добро да се испоти за да добие место во тимот.
Но, тој не е премногу вознемирен, почна да тренира, планот е да остане и секако нема намера да се впушта во зделки по желба на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Родриго е многу блиску до трансфер во Арсенал

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
