
Фудбалерите на Шкендија утрово од скопскиот аеродром отпатуваа за Азербејџан каде утре од 18 часот на „Капитол банк арената“ во Сумгајт ги очекува настапот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа против истоимениот клуб.
Тетовци во Азербејџан отпатуваа без еден од најдобрите свои фудбалери, Арменд Алими, кој е позитивен на коронавирусот, но со силна верба дека може да се пласираат во следната рунда квалификации од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
„Патуваме за Азербејџан со максимална мотивација, веруваме дека сме доволно силни да ја минеме оваа рунда. Секако, нема да ни биде лесно бидејќи секој натпревар носи потешкотии. Сепак, верувам дека имаме квалитет за да одиграме на високо ниво и да дојдеме до резултатот што го посакуваме и да го освоиме Азербејџан“ – вели и капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
