Англискиот премиерлигаш Арсенал тргна во обновување на тимот за претстојната сезона. По договорот со Бен Вајт, раководството на „топчиите“ се обидува да го ангажира и Тами Абрахам од Челси, но и капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.
Како што открива „Скај Спортс“, Арсенал покажува сериозен интерес за Хендерсон кој најавил можно заминување од „Енфилд Роуд“ откако преговорите за нов договор не се одвиваат според планот. Одличниот играч за врска има уште две години од актуелниот договор со Ливерпул, но доколку не успее да се договори за продолжување на соработката, тогаш најверојатно ќе биде продаден.
Развојот на ситуацијата го очекува Арсенал кој е подготвен да го купи Џордан Хендерсон. На менаџерот Микел Артета му е потребен искусен играч во средниот ред со оглед дека Гранит Џака се наоѓа пред трансфер во Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













