Искусниот фудбалски тренер Луј ван Гал е новиот селектор на холандската фудбалска репрезентација. Тој доаѓа на местото на досегашниот Франк Де Бур, кој се повлече по лошиот настап на Европското првенство.
Ван Гал ќе остане на клупата на „портокаловите“ следната година и пол, а на оваа позиција се враќа по седум години и СП 2014 во Бразил.
Во меѓувреме, тој работеше во Манчестер Јунајтед, а половина деценија е без ангажман.
Првата можност да се докаже 70-годишниот стручњак ќе ја има во септември, кога продолжуваат квалификациите за Светското првенство во Катар, што е и негова примарна цел.
Луј Ван Гал беше европски шампион со Ајакс во 1995 година, ги водеше Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, а ова е негов трет мандат на клупата на Холандија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













