Баерн Минхен би можел да остане без Леон Горецка, на сличен начин како што замина Давид Алаба. Играчот за врска има договор до следното лето, а Баерн му нуди 10 милиони евра по сезона. Неговиот менаџер Јорг Нојбауер бараше плата од 20 милиони евра и се чини дека Баерн нема да се согласи на тоа.
Германскиот „Билд“ пишува дека Манчестер Јунајтед може да биде клубот што ќе му даде на Горецка 20 милиони евра следното лето и дека се подготвува нов „случај Алаба“ за германскиот шампион.
Горецка е играч на Баерн Минхен од 2018 година. Тој пристигна од Шалке откако му истече договорот. Со Баерн освои сè што можеше да се освои.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













