Тотенхем и Севилја се блиску до интересна размена. Главни актери се Ерик Ламела и Брајан Хил, првиот им е познат на сите, а вториот се очекува да блесне на европската сцена. Тој е еден од најталентираните шпански играчи, кој одлично се снајде на позајмица во Еибар минатата сезона, и сега се врати во Севилја.
Фабио Паратичи ги следеше неговите игри, а Тотенхем сега го нуди Ерик Ламела и плус 25 милиони евра за младиот Хил.
Брајан Хил е роден 2001 година и пред него е долга кариера, додека Ламела најверојатно го достигна својот зенит одамна. Тој има 29 години, во Тотенхем е од 2013 година, но тој никогаш не ја направи таа разлика, поради што беше донесен од Рома за 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













