Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран за фудбалерот за врска на Барселона, Серхи Роберто. Новиот тренер Џулијан Нагелсман смета дека тој може да го подигне нивото на играта на баварскиот тим и побарал од раководството да се обиде да го доведе на „Алијанц арена“.
Баерн е расположен за едногодишна позајмица, но во таков случај Серхи Роберто потоа би заминал од Барселона како слободен агент, со оглед дека влегува во последната година од договорот. Барса исклучиво сака продажба, а посебно што сега се наоѓа во сериозна финансиска ситуација и гледа да го намали буџетот за плати во првиот тим.
Серхи Роберто има голема плата, а во последната сезона и не беше најстандарден во тимот на Роналд Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













