Повратникот на клупата на Јувентус, Масимилијано Алегри, планира промени во тимот за претстојната сезона, а Кристијано Роналдо и понатаму би можел да се најде на излезната врата иако од клубот доаѓаат поинакви информации.
Јувентус наводно размислува Португалецот да го понуди на Пари Сен Жермен како дел од договорот за испраќање на Мауро Икарди во Торино, тврди француски „Л’Екип“.
Роналдо има уште една година од договорот со „старата дама“, а 28-годишниот аргентински напаѓач е долгогодишна желба на торинскиот клуб. Но, наводно, во договорот има клаузула според која парижаните мора да му платат на Интер 15 милиони евра доколку го продадат на клуб од Серија А.
ПСЖ секако е во искушение да го додаде Роналдо на Нејмар и на Мбапе, што ќе создаде фантастично трио. Роналдо беше најдобар стрелец и на Европското првенство и се уште може да игра во врвна форма.
Икарди, пак, постигна 13 гола на 28 настапи за ПСЖ и има договор до 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal