Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ова лето би можел да замине на нова позајмица, а италијанските медиуми наведуваат дека тој бил понуден на шампионот во Серија А, Интер.
Враќањето од позајмицата од Ајнтрахт Франфурт не оди како што беше планирано за српскиот репрезентативец. Повредата, иако не е многу сериозна, го принуди да тренира индивидуално и му ја одзеде можноста да се докаже пред Карло Анчелоти за време на летните подготовки.
Доколку Италијанецот му укаже на Јовиќ дека нема да ги има посакуваните минути во следната сезона, потребно е да се најде алтернатива на која работи неговиот агент Фали Рамадани. Тој му го понуди Јовиќ на шампионот на Италија – Интер.
Сепак, и таму ќе биде тешко за српскиот напаѓач бидејќи двете места во нападот се резервирани за Ромелу Лукаку и за Лаутаро Мартинез.
Белгиецот нема намера да го напушти „Џузепе Меаца“, би можел Лаутаро, но нема понуда за него, па се чини дека ќе остане. Кога ќе се додаде и Алексис Санчез, кој повремено блеска, тешко е да се поверува дека Јовиќ би можел да се избори за голема минутажа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal