
По Бен Вајт и порано Нуњо Тавареш, англискиот премиерлигаш Арсенал го донесе и Локонга од Андерлехт, но последните двајца се чини дека за почеток ќе чекаат шанса од клупата во тимот на Микел Артета.
Фановите очекуваат уште неколку засилувања, Еду работи на доведување на двајца или тројца играчи кои би го затвориле тимот за следната сезона. Артета едноставно мора да се бори за Топ 4, а дали ќе успее, останува да се видиме по првиот дел од шампионатот.
Тој посакува засилување во средниот ред, има две цели, едната е Ив Бисума од Брајтон, а другата е Хусем Ауар од Лион. Првиот ќе биде поскап, Брајтон веќе го продаде Бен Вајт на Арсенал за 60 милиони евра, а што се однесува до фудбалерот од Мали, го посакува и Ливерпул. Играше одлично, се вели дека би сакал да замине во Арсенал, каде му гарантираат позиција на стартер. Ауар е полесна цел, 30 милиони е цената на Лион, Французинот го сакаат неколку клубови, меѓу кои и Јувентус.
Планот на Еду е да ги продаде Белерин, Лаказет, Тоер, Колашинац, а можеби и Вилијан, кој ги одби Бекам и Мајами со неразумни барања за плата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
