Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез. Менаџерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер, и минатото лето беше заинтересиран за Саул, но трансферот не се реализира. Сега тој е на излезна врата од „Ванда Метрополитано“, а се чини дека Јунајтед би можел да го добие за 40 милиони евра.
Од „Олд Трафорд“ веќе започнале разговори со агентот на играчот Џонатан Барнет и се очекува брзо да се добие расплет на ситуацијата.
Покрај Барселона и Јунајтед, за Саул Нигез постои интерес и од Манчестер Сити.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













