
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски се врати во Спартак Трнава овојпат со перманентен трансфер. Претходно, тој шест месеци го носеше дресот на Спартак Трнава минатата сезона и остави одличен впечаток.
На промоцијата, Милан Ристовски истакна дека очекува претстојната сезона да биде успешна.
„Горд и среќен сум што ќе имам шанса пак да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме добри резултати, затоа што сакам оваа сезона да биде наша сезона. Голема благодарност до мојот поранешен клуб Ријека“, изјави Ристовски.
Милан Ристовски е дете на Работнички и многу млад замина во странство. Играше и за Нитра и за Кршко, последните четири години беше под договор со Ријека.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
