
Италијанскиот репрезентативец Николо Барела го одигра Европското првенство на врвно ниво. Играчот за врска на Интер беше еден од клучните играчи на „aѕурите“ кои направија голем подвиг славејќи ја титулата на Стариот континент, а тоа не остана незабележано од европските клубови.
Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Ливерпул се импресионирани од игрите на младиот Италијанец и нудат 70 милиони евра за неговиот потпис. Интер е во финансиски проблеми и ова е сума што целосно би го извлекла од неволјите ако се знае дека претходно беше продаден и Хакими.
Барела е под сериозно искушение. Ваква понуда не се добива секое лето, а 24-годишниот фудбалер пристигна во Интер пред две години во трансфер вреден 44,5 милиони евра од Калјари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
