Поранешниот холандски репрезентативец Енди Ван дер Мејде се присети на периодот кога ја делел соблекувалната со Златан Ибрахимовиќ во Ајакс.
„Добив хомосексуална желба, го бакнав Златан Ибрахимовиќ во устата, а потоа…Ќе ме убиеше“.
Играа заедно во Ајакс од 2001 до 2004 година, а Ван дер Мејде призна дека по враќањето од еден натпревар, во автобусот го бакнал Златан Ибрахимовиќ во устата, по што шведскиот напаѓач полудел и го удирал силно.
“Во една прилика седев покрај Златан во автобусот. Се враќавме од натпревар. Во тој момент добив хомосексуална желба и го бакнав Златан во устата. После тоа Златан скокна и почна да ме удира. Беше непријатно. На крајот разговаравме и Златан разбра сè, но дефинитивно тој момент од кариерата нема да го заборавам“, раскажа Ван дер Мејде.
Покрај Ајакс, Енди ван дер Мејде играше и за Твенте, Интер, Евертон, ПСВ, а кариерата ја заврши во 2012 година во холандски нисколигаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal