Тест-балонот е веќе пуштен, младинскиот турнир на кој играат ПСВ, АЗ Алкмар, Клуб Бриж и Лајпциг според новите правила е првата проба на ФИФА за тестирање на нови потенцијални правила кои се чини дека би боле самоубиство за фудбалот.
Ова се нови правила за кои Инфантино и соработниците веруваат дека ќе ја зголемат гледаносто кај младата публика. Поточно, делумен одговор на што го рекоа Перез и Ањели во обид да ја формираат Европската Суперлига, дека новите генерации не се заинтересирани да ја гледаат сегашната фудбалска игра.
Кои се петте правила?
Идејата е сè да се забрза, да биде подинамично, со што е можно помалку прекини, но и да трае пократко, поради падот на способноста на човековото внимание.
Првото правило е да се смените должината на натпреварот, наместо 2х45 минути, екипите би играле ефикасно 2х30 минути, како во кошарката, што одложувањето ќе го направи бесмислено.
Што се однесува до замените во текот на мечот, тие би биле практично неограничени. Поради коронавирусот, една и пол година веќе е зголемен бројот од 3 на 5, но во иднина тренерот би можел да го смени целиот тим. Ова е поврзано со претходното правило, едноставно, нема да се губи време околу замените.
Третата промена е портокалов картон. Исклучување како во хокеј, ракомет, ватерполо, а кога ќе го добиете мора да бидете надвор од игра пет минути, без право на замена. Што се однесува до пеналите, жолтите и црвените картони, сè останува исто.
Четвртото правило е од футсал, аутот да се изведува со нога наместо со рака и тоа е вовед во револуционерна промена, играчот не мора да ја додава топката на ривалот за време на паузата, тој може да ја започне акцијата од аут или корнер, што ја забрзува динамиката на играта.
Останува да се види како овие тест-промени ќе влијаат на фудбалот, но на поглед делуваат како самоубиство.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski