Connect with us

Нагелсман сака да го задржи Коман на „Алијанц арена“

Стрелецот на победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите минатата година Кингсли Коман сè уште не постигнал договор со раководството на Баерн Минхен за нов договор, но Џулијан Нагелсман би сакал да го задржи.


Поради пандемијата на коронавирусот, Баерн загуби околу 150 милиони евра во сезоната зад нас. Затоа размислува да продаде неколку играчи, па дури и француските репрезентативци Кингсли Коман и Коринтан Толисо. Сепак, Џулијан Нагелсман би сакал да има на располагање квалитетен крилен играч, па дозвола за заминување ќе добие само Толисо.


Коман бара од управата на клубот да ги изедначи своите примања со Лирој Сане. Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити во моментов заработува двојно повеќе од Французинот (18.000.000 евра бруто), додека Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан на Коман му понудија 13 милиони евра годишно (бруто).


„Ако тој не ги прифати нашите услови, ќе бидеме принудени да бидеме прагматични и да размислиме за неговото заминување, бидејќи поради пандемијата сме во состојба да бидеме внимателни со трошењето. Деновите на лудило завршија, “, рече почесниот претседател на клубот Ули Хенес.


Коман има договор со клубот до јуни 2023 година, па Баерн ги држи работите во свои раце. Сепак, доколку не биде постигнат договор за нова соработка ова лето, клубот ќе биде подготвен да го пушти Французинот, но само за отштета од 90 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови