Connect with us

Челси сака размена со Баерн: Хадсон Одои за Коман

Европскиот првак Челси се обидува да го засили тимот за новата сезона. Менаџерот Томас Тухел би сакал да го има Кингсли Коман, кој одби да потпише нов договор со Баерн Минхен и најави можно заминување од „Алијанц арена“. Актуелната соработка со баварскиот клуб има важност до јуни 2023 година, но Коман бара зголемување на платата што Баерн Минхен во моментов не е расположен да го реализира.

Тухел ги нуди Калум Хадсон Одои, младиот крилен напаѓач кој не може да избори голема минутажа на „Стемфорд бриџ“ како дел од пакетот за ангажман на Кингсли Коман.

Во трка за Французинот се и Манчестер Сити и Ливерпул, доколку реши да замине од Баерн Минхен ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови