Фeлипе Кутињо сепак има иднина во Барселона. Бразилскиот „ЕСПН“ објави дека Барса е свесна дека ќе биде многу тешко да го продаде Кутињо, но и дека Роналд Куман би бил среќен ако остане во тимот.
Кутињо е надвор од теренот од крајот на декември, мораше да се подложи на нови операции поради компликација со повреда на коленото, а сега е комплетно опоравен и може да се приклучи. Куман ќе смета на Кутињо во претсезоната, клубот има приоритет да го продаде, но само во случај на вистинска понуда.
Барселона нема да му дозволи да оди за малку пари или на позајмица, освен ако некој клуб не ги покрие целосно неговите приходи.
Кутињо пристигна во Барса во јануари 2018 година за 120 + 40 милиони евра, но летото 2019 година замина на позајмица во Баерн Минхен.
Доколку Кутињо остане, би можел да заработи и Ливерпул, затоа што доколку Бразилецот одигра само уште 10 натпревари, ќе се активира клаузула според која Барса ќе треба да плати уште 20 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal