Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас се приклучи на подготовките на Наполи за новата сезона, а италијанските медиуми им одговори дека репрезентацијата на Македонија во иднина повторно ќе учествува на Европско првенство.
„Настапот со репрезентацијата на Македонија на Европското првенство е неверојатно чувство, но и големо искуство за мене и за моите соиграчи од националниот тим. И убеден сум дека и во иднина Македонија ќе учествува на големо натпреварување“, вели Елиф Елмас.
Тој откри дека негов идол е Роналдињо, а најмногу сака да јаде пица. Во Неапол ужива и сака да се наметне во дресот на Наполи.
„Најубав спомен ми е освоениот Куп со Наполи. Идол ми е Роналдињо, а обожувам да јадам пица“, посочи Елмас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













