
Британците не можат да се помират со поразот од Италија во финалето на Европското првенство. Сонот на љубителите на фудбалот на Островот беше да го освојат историскиот прв трофеј на европските првенства, но селекцијата на Герет Саутгејт се сопна на последниот чекор. Загуби од Италија, на пенали.
Интересно, Британците нашле начин како да се „одмаздат“. Како? Бојкотирајќи ги италијанските ресторани во Лондон и околината! Според истражувањето на специјализираниот сајт „TheFork UK“, после финалето меѓу Англија и Италија резервациите во италијанските ресторани лоцирани на британската територија паднаа за 55%. Во исто време, оние во британските пабови и клубови се зголемија драстично.
Сега пораката на Бонучи по победата „треба да јадете уште тестенини“ што им ја упати на Англичаните има спротивен ефект.
„Тие се уште се разочарани од поразот и претпочитаат да се тешат со чипс и пиво. не сакаат да смислат во моментов тестенини и пици, кои отсекогаш биле многу популарни јадења. Италијанците ја добија фудбалската војна, но овие денови Британците ја добија војната со храна”, објасни Патрик Хојкас, извршниот директор на „TheFork UK“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
