Босанскиот интернационалец Мирален Пјаниќ пристигна во Барселона пред една година како големо засилување од Јувентус, но не играше премногу. Пјаниќ дојде во Барса, а Артур Мело тргна во спротивна насока Сепак, Босанецот не се избори за место во првиот тим на Барселона и тренерот Роналд Куман отворено му призна на Пјаниќ дека не смета на него во новата сезона.
Клубот неодамна му понуди и спогодбен прекин на соработката, но Пјаниќ одби со оглед дека е лут на начинот на кој клубот се однесува кон него.
Јувентус го направи првиот конкретен потег со цел да го врати Пјаниќ во своите редови. „Старата дама“ и понуди на Барселона нова размена на играчи. Така, Пјаниќ би се вратил во Торино, а Арон Рамзи би тргнал во спротивна насока.
Пјаниќ заработува околу 9 милиони евра годишно во Барселона, додека Рамзи има плата од 7,5. милиони евра и токму тоа не и одговара на Барселона. Сепак, каталонскиот клуб се уште не го дал својот официјален одговор.
Јувентус сака да го засили средниот ред и се чини дека Пјаниќ стана приоритет откако Сасуоло ја одби понудата за Мануел Локатели во висина од 30 милиони евра. Покрај Јувентус, за босанскиот репрезентативец има интерес и од Интер, Тотенхем, ПСЖ и од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal