Мануел Локатели воодушеви со неколку натпревари за Италија на Европското првенство, и тоа веднаш го привлече интересот на голем број клубови. Дури и пред ЕВРО, Локатели беше интересен за Јувентус, кој сега стапи во контакт со Сасуоло. Но, можеби премногу доцна. Сега цената на Локатели скокна, бидејќи Сасуоло сепак реши да ја одбие понудата на „старата дама“ од 30 милиони евра за 23-годишниот играч за врска.
Јуве сакаше да го донесе Локатели на двегодишна позајмица, што воопшто не му се допадна на Сасуоло бидејќи ги сака парите веднаш, и тоа приближно 40 милиони евра.
Англискиот премиерлигаш Арсенал исто така е заинтересиран за услугите на италијанскиот играч за врска, но засега нема конкретни преговорите на Сасуоло со „топчиите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













